„Педали и приказни“ одговара на предизвиците кои  ја отвораат културата кон улицата, создават простор за дијалог, уметност и активизам

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green  в среда (13.мај 2026г) , по четврт пат го реализирааат проектот „Педали и приказни“. Проектот вклучува културни работници и уметници и ги реализира следниве активности: проекција на филмови на јавен простор и изработка на мурал.

Вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препозната како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други, велат организаторите, па проектот „Педали и приказни“ одговара на предизвици кои  ја отвораат културата кон улицата, создават простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближуват до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.

Во рамките на четвртата епизода, во среда на 13.мај 2026г, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности:

17.00 – 19.30 DJ PETE
18.30 Критична маса (возење на велосипед низ прилепските улици)
19.30 Проекција на ЕКО филмови
„Слобода на две тркала“
„Велоаџилак“

Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко ќе изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.

Целта на настанот е поквалитетно искористување на јавниот простор како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност,велат организаториете кои сметаат дека културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе и ги прави маргинализирани групи.

Проектот „Педали и приказни“ е помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Успешен боксерски викенд за прилепските боксери од БК АС

Прилепските боксери продолжуваат да бележат одлични резултати во редовните кола во првата и младинската лига во бокс.На вчерашните натпревари во Тетово прилепчани успеаа да триумфираат во четири од предвидените за нив шест борби во рингот..Еве ги и резултатите во кадетска,јуниорска и младинска конкуренција , како и дел од атмосферата за...

Започна санацијата на Ленишки мост, сообраќајот се одвива по една лента

Започнаа градежните работи за санација на горниот слој од Ленишки мост на регионалниот пат Прилеп – Плетвар. Бидејќи една од главните регионални сообраќајни артерии, која што нема алтернативен пат, сообраќајот ќе се одвива по десната коловозна лента во правец Плетвар-Прилеп, сооопштуваат од Автомото сојузот на Македонија и Регионалниот центар за...

Хуманитарен концерт на македонските фолк ѕвезди за Моника во Прилеп

Во Центарот за култура Марко Цепенков,вторник, на 12 ти мај од 20 часот ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош во лекувањето на Моника, која боледува од рак. Големите македонски фолк ѕвезди обединети во хуманата мисија, ќе учествуваат:  Спасен Силјаноски, Благоја Груевски, Влатко Миладиновски, Дарко Стојаноски, Стојне Николова, Елена...