Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Претставниците на Сојузот на тутунски здруженија на иницијатива на ресорниот министер Трипуновски, одржале состанок со претставници на откупните компании по најавата на откупувачите дека ќе го зголемат интензитетот на откуп. На средбата тутунарите им предочиле дека реколтата не е потешка од 16 милиони кгр и дека проценката на откупувачите е погрешна.

– Се договоривме откупувачите да не тактизираат, да го почнат поинтензивно откупот, да не ги нервираат тутунари, за да може тутунот да се откупи побрзо и полесно. Се договоривме ако сакаат по класи да го откупуваат тутунот, треба драстично да ги зголемат цените. Но тоа за оваа година нема шанси да го направат.Бараме од откупувачите со анекс на договор да си ги корегираат цените и да дојдат од 420 денари по килограм просек и да бидат задоволни и откупувачите и тутунарите. Откупувачите мудро молчат не спомнуваат никаква цена, посочи Ристески.

Тутунарите остануваат на ставот за повисоки цени и не отстапуваат од тоа. Бидејќи како што велат крајно време е да се обезбеди стабилност во секторот тутунопроизводство, што ќе значи фер пазарни односи. Доколку не се случи тоа, Сојузот на тутунски здруженија ќе бара замена на ориенталниот тутун со други земјоделски култури.

– Оваа година ќе заврши – прашањето е што до година? Што ќе купат до година? Затоа инсистираме средба со потсекторската група за тутун, со поддршка на министерот, да бараме нови гранки, нови култури. Со тоа ќе им докажеме на откупувачите дека земјоделците ќе си го најдат чајрето, значи ќе ја заменат тутунската култура со други култури, така што губитници ќе бидат само откупувачите, вели Ристески.

Во однос на линеарната субвенција од 100 денари за кгр, Ристески посочи дека тоа било меѓу првите барања на Сојузот, и дека е задоцнето барањето на опозициската партија. Во првата недела од почетокот на раниот откуп, преземени се околу 20 тони тутун, по просечна цена од околу 370 денари, при што преовладува проценката во прва класа. Најава за зголемување на интензитетот на откуп има за од понеделник, 25 ти ноември со отворање на 50 отсто од регистрираните пунктови на речиси сите откупни компании.

– Сметаме дека ќе се зголеми интензитетот на откуп. Но ако не се зголемат цените, не излезат со анекс договори откупувачите – ќе биде тешко и оваа реколта за откупување, вели Ристески.

Најголем интензитет досега во откупот има Источна Македонија, битолско и долненско во Дебреште. Во Прилеп е многу мал интензитетот и се откупуваше само во еден пункт. Засега Тутунски Комбинат нема најави за почеток на преземање на реколтата и покрај најавите на новото раководство дека се е подготвено за старт.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: