Општина Прилеп организира средба со граѓаните и претставници на урбани и месни заедници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В понеделник, (02.12.2024) Општина Прилеп организира средба со граѓаните и претставници од урбаните и месните заедници во големата сала на општината. На средбата ќе присуствува градоначалникот Јовчески и раководителите од локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија од Прилеп.

Понеделник 02.12.2024, од 17:00ч во Собраниската сала на Општината, ќе се одржи средба со граѓаните на Прилеп и со претставници на Урбаните и Месните заедници од општина Прилеп. Во присуство на градоначалникот, раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија, ќе се слушнат и ќе се дискутира за предлозите на граѓаните за идни проекти кој што би го подобриле животот на сите граѓани на општина Прилеп! Почитувани сограѓани, Ве очекуваме.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...