Оперативен зафат кој прв пат се изведува во прилепската болница – 29 годишен пацент спасен од трајно оштатување на мозокот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уште една животоспасувачка интервенција во прилепската болница над 29 годишен пацент
Првпат во Прилеп изведена животоспасувачка тромболиза кај пациент со акутен мозочен удар
Денеска, на Одделот за неврологија при Невропсихијатриското одделение на ЈЗУ Општа Болница Прилеп,  за прв пат во здравството  во Прилеп, беше изведено првото успешно спроведување на интравенска тромболиза – високо специјализирана и животоспасувачка интервенција за акутен третман на исхемичен мозочен удар.
Оваа современа терапевтска постапка се применува во строго дефиниран временски прозорец од појавата на симптомите и има за цел навремено да се воспостави протокот на крв во засегнатото мозочно ткиво, со што се спречува трајно оштетување и се овозможува целосно или значително повлекување на невролошкиот дефицит.
Првиот пациент со овој зафата во прилепската болница е млад маж, ( 29-годишна возраст)  кој бил , примен поради нагло настаната слабост на левата рака, асиметрија на лицето и отежнат, неразбирлив говор.

Благодарение на брзата дијагностика и навремената примена на терапијата, по интервенцијата пациентот е во целост без невролошки последици и без појава на компликации.“ пишуваа на ФБ страната на прилпскат болница

Процедурата ја реализирал д-р Петар Кузмановски, во координација со стручен тим од медицинските сестри чија професионалност и организираност се од клучно значење за успешниот исход.
Паралелно со денешното достигнување, во рамки на Одделот се воведени и систематски скрининг прегледи со доплер сонографија на вратните крвни садови кај сите невролошки пациенти, со што се воспоставува современ пристап кон рана дијагностика, како и кон примарна и секундарна превенција на исхемичниот мозочен удар.
Денешниот ангажман на медицинскиот тим претставува пример за тимска работа, брза организација и искрена грижа за пациентот, со што уште еднаш се потврдува високото ниво на квалитет и хуманост во здравствената услуга што ја нуди ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...