„Од колено на колено“ утре во „Марко Цепенков“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонскиот композитор, аранжер, инстурменталист и водач на музичкиот состав „Монистра“, Александар Јовевски, утревечер ќе одржи целовечерен концерт во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. Настанот ќе започне до 20.00 часот.

На концертот, Александар Јовевски ќе го претстави својот најнов музички етно проект насловен „Од колено на колено“ чија база е македонскиот фолклор, традиција и идентитет и е проект од национален интерес на Република Северна Македонија, поддржан од Министерството за култура и туризам.

Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните
инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со
клавијатури.

На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени четири обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски
композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

Концертот на Александар Јовевски е дел од програмата за одбележување на четириесет и пет годишниот јубилеј на Центарот за култура „Марко Цепенков“ -Прилеп. Влезот е бесплатен.

Известува:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: