Од артефакт до идентитет, седум децении културна меморија – монографија на НУ Завод и Музеј Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

НУ Завод и Музеј Прилеп денеска ја промовираше монографијата „Од артефакт до идентитет, седум децении културна меморија“ посветена на 70 години од постоењето на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата. Ова дело е резултат на посветеноста на сите вработени, резултат на едно културно паметење, посочи Мимоза Христоска, директор на установата.

„Во една година успеевме сите колеги заедно, кои што се автори и коавтори на самите текстови, да изготвиме сето на што го сработивме и што е сработено во изминатите 70 години. Почнавме како Народен музеј, а завршивме како Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата. Нашата идеја и цел е да продолжиме да работиме и да го оправдаме нашето знаење и нашето искуство кое што го имаме. Културното наследство е целата цел за да можиме да ја предадеме на другите идните генерации.

Не е цел да го затвориме Музејот да останат артефактите во нашите институции. Треба да ги изнесеме надвор, да покажеме колку имаме со гордост да се потврдиме дека сме горди Македонци во секој случај, особено прилепчани.

Културното богатство, прилепскиот регион е меѓу врвот на културното наследство во земјава. Охридскиот регион е пред нас, особено по историјата на уметност, но не се делиме на пониско ниво и по археологијата, по историјита и по историјата на уметнастја. Имаме богато културно наследство и треба да видиме горди како прилепчани зашто културното наследство е дел од нас, кое што треба да го проследуваме, кое што треба да го цениме, рече Христоска.

На промоцијата на монографијата присуствуваа претставници од општинските институции, поранешни вработени во НУ Завод и Музеј Прилеп, културни работници. Изминатава година установата организираше бројни изложби и настани за достојното одбележување на јубилејот – 70 години од постоењето.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...