Денес до Министерот за внатрешни работи вложивме писмена реакција околу распределбата на новите службени возила кои за жал повторно во голем дел завршија помеѓу командирите и началниците, наместо на терен каде што е најмногу потребно.
Доколку не се прекине ваквиот начин на распределба, кој со години е пракса во МВР и да се набават уште 500 нови возила повторно истите нема да стигнат до полициските службеници, а со тоа ефектот од набавката нема да го почуствуваат ниту полицајците ниту граѓаните!
Дополнително бараме да се разгледа и самата распределба низ бројки во кои некои полициски станици добија по 5 возила, додека пак други како на пример ПС Кочани кои претставува еден од центрите на обем и сложеност во истокот само 1 возило.
Независен полициски синдикат на Македонија
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









