Новогодишната ноќ најстудена, првите денови од 2026 затоплување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Последниот ден од годината и за време на дочекот на новогодишната ноќ ќе биде најстудениот ден и ноќ во изминатава 2025 та.

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Времето и метеоролошките параметри за Прилеп: сончево и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура утринава достигна до – 5, а максималната само до – 4 степени целзиусови. На новогодишната ноќ ќе биде ведро и многу студено со температури до – 9 степени. Утринската температура ќе достигне  на првиот ден од новата година ќе се спушти до – 11 степени.

Во следните три дена температурите ќе повремено облачно, а температурите ќе бидат во постепен пораст.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗА 2026 ГОДИНА ТЕЖИ НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА

Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година изнесува 2.472.428.114 денари или над 40 милиони евра, што споредбено со Буџетот од минатата година е повисок за 411.061.175 денари „и е исклучително развоен“, вели градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Средства во Буџетот за капитални инвестиции како дел од 11 милиони евра за...

За празниците Јавниот градски превоз со редуциран возен ред

Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе имаат редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните Празници . И тоа по следниов редослед : 31.12 – Од 6.30 ч до 15.30 ч сите три линии 01.01 – Неработен ден 02.01 – Од 6.30 ч до 15.30 ч...

Од артефакт до идентитет, седум децении културна меморија – монографија на НУ Завод и Музеј Прилеп

НУ Завод и Музеј Прилеп денеска ја промовираше монографијата „Од артефакт до идентитет, седум децении културна меморија“ посветена на 70 години од постоењето на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата. Ова дело е резултат на посветеноста на сите вработени, резултат на едно културно паметење, посочи Мимоза Христоска,...