Новогодишна донација од Витаминка за најмладите пациенти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат во неколку здравствени установи во земјава.

Со новогодишни пакетчиња од Витаминка и внимателно одбрани играчки, компанијата внесе празнична топлина и насмевки кај децата од Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, на  Универзитетската клиниката за детски болести, Оддел за цистична фиброза, Оддел за неврологија како и на Детска хирургија. Малите подароци носат голема порака дека овие деца не се заборавени и дека празниците можат да донесат радост и во најтешките моменти.

„Новогодишните празници се време кога солидарноста, вниманието и грижата за другите добиваат особено значење, но за дел од децата тие поминуваат во болнички соби, далеку од празничната атмосфера. Со оваа донација сакаме барем малку да им ја доближиме празничната радост, да внесеме насмевки и чувство дека не се сами, како и да им дадеме поддршка на семејствата и медицинскиот персонал кои секојдневно се грижат за нив“, вели Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во Витаминка.

Како општествено одговорна компанија, Витаминка и оваа година продолжува да ги негува вредностите на хуманост и заедништво, верувајќи дека секоја насмевка е чекор поблиску до подобар и похуман свет, особено кога станува збор за децата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: