Немила сцена во Прилеп – капитенот на ФК Победа колабираше на терен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ужаснa сцена во 75 тата минута од средбата меѓу Победа и Детонит во Прилеп, кога момчето, капитен на Победа, Кристи Крајоски, кој има само 19 години, падна на теренот колабираше и  изгуби  свест. Инцидентот предизвика загриженост кај соиграчите и навивачите, а медицинскиот тим веднаш интервенираше на теренот. Паника се створи кај играчите на двете екипи.

Младиот Крајоски, по интервенцијата на медицинскиот тим ја поврати свеста, но сепак со возилото на Брзата помош беше пренесен во Општата болница во Прилеп. Натпреварот беше кратко прекинат додека капитенот добиваше помош, а резултатот по овој настан остана и неважен Победа – Детонит – Резултат 0:6

Здравствена состојбата на Крајоски е во ред, информираа од клубот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

АКЦИЈА ЗА ЧИСТ ПАРК ВО СЕЛО ОБРШАНИ

Екипите на ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани во еко акција за средување и чистење на паркот во населеното место Обршани. Отстранет е насобраниот отпад, сувите гранки и паднатите лисја од зелените површини. Просторот околу клупите и детските реквизити е исчистен и подготвен за пријатен престој на жителите.

Град во крушевско и кривогаштанско

Побелеа земјоделските површини во регионов. Град со големина на лешник попладнево заврна во крушевско и кривогаштанско. Заладувањето, северен ветер и врнежи од град и дожд, а на повисоките места снег во регионот беа најавени од синоптичарите. Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет...

Мето-прогноза: Не очекува врнежлива недела!

Утре времето ќе биде променливо облачно, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Од Управата за хидрометеолошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на следната работна седмица времето ќе биде променливо...