АКЦИЈА ЗА ЧИСТ ПАРК ВО СЕЛО ОБРШАНИ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Екипите на ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани во еко акција за средување и чистење на паркот во населеното место Обршани.
Отстранет е насобраниот отпад, сувите гранки и паднатите лисја од зелените површини. Просторот околу клупите и детските реквизити е исчистен и подготвен за пријатен престој на жителите.

„Целта е подобрување на квалитетот на живот во  населени места и обезбедување чиста и здрава животна средина за сите граѓани. ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани ќе продолжи со редовните активности за одржување на јавната чистота и во останатите делови на општината. Апел до граѓаните: Ве молиме да ја

одржувате хигиената и да се грижите за јавните површини, бидејќи тие ни припаѓаат на сите нас!, “ апелираат од ЈП „Пелагонија“ – Кривигаштани

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...