Мето-прогноза: Не очекува врнежлива недела!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре времето ќе биде променливо облачно, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Од Управата за хидрометеолошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник врнежите ќе бидат побилни во западните делови. Во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).

Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец.

Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а во петок ќе бидат со послаб интензитет, се наведува во метео-прогнозата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...