Насилникот кој што вчера во Прилеп во расправија по сообраќајка, му нанел убодни рани на прилепчанец, по што избегал, полицијата го приведе на Граничниот премин Табановце:
На 03.10.2025 во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од Прилеп. Истиот ден околу 06:45 во ОВР Прилеп било пријавено дека по претходно случена сообраќајна несреќа во Прилеп, настанала расправија и М.М. со остар предмет му нанел повреди на М.Џ.(43) од Прилеп, по што се дал во бегство. Но, по преземени мерки, М.М. е лишен од слобода и предаден на ОВР Прилеп, а по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Од полицискиот билтен уште две информации:
На 03.10.2025 во 20:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, го лишиле од слобода И.Ј.(30) од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир со оддавање на пијанство. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.









