Андоновски од Прилеп: Контролата за користење на интернетот кај децата е на родителите, а не на државата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонија нема намера по примерот на некои европски земји да го ограничува користењето на социјалните мрежи за децата. Најважна улога во контролата за користење на интернетот и апликациите треба да ја имаат родителите, а не државата. Министерство за дигитална трансформација доставило апликации до училиштата за родителите да знаат кои апликации децата можат да ги имаат на своите мобилни телефони и други електронски уреди, кои содржини и колку време може да поминат на интернет. Со тоа државата ја исполнува превентивната улога во побезбедно користење на интернетот, посочи Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на настан во Прилеп посветен на Денот на побезбеден интернет.

„Сметавме дека е ова начин да ги превенираме опасностите од интернет, а контролата да ја задржат родителите да не ја превзема државата контролата на алатки кои се исклучително приватни ги користат родители, ги користат деца. Би било мешање на државата во домашните работи и домашното воспитување во семејството: кои алатки и како се користат. Но, доколку постои зголемен интерес, зголемен страв и таа бројка е голема, оставаме простор да продискутираме на овие прашања. Опасноста е секогаш голема кога државата ќе реши да забранува определени алатки за определена група на луѓе. Отвораме врата утре државата да забранува и тоа да биде спротивно на слободата на говор, слободата на изразување, затоа што државата решила дека некоја алатка треба да забрани. Тоа треба да го имаме како последна мерка. А прва мерка е превенција и родителска контрола   “, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Една од можностите кои електронските алатки денес се користат за олеснување на секојдневието е пристап до порталот за електронски услуги  https://uslugi.gov.mk/  за физички и правни лица за добивање на одредени документи. Центар со услуги во Прилеп од денес е на располагање на граѓаните во рамките на Даночното одделение.

 

Денот на побезбеден интернет се одбележува по втор пат во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, кој се имплементира од Министерството за дигитална трансформација. Во ООУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп настанот се реализираше заедно со учениците и наставниците со изложба на ученички цртежи на тема „Користиме безбеден интернет“, како и едукативно-забавна програма за учениците.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...