СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени 94 кривични дела против 102 сторители.
Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности, постојаното присуство на полициски службеници од СВР Битола на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за поголема ефикасност во расветлувањето на овој вид на извршени кривични дела, со тенденција откривачката дејност да се зголеми во периодот што следува.
На подрачјето на СВР Битола во текот на 2025 година извршени се вкупно 86 претреси на домови, од кои на подрачјето на Битола извршен е 51 претрес, на подрачјето на Прилеп извршен е 31 претрес на домови, на подрачјето на Демир Хисар извршени се два претреси, на подрачјето на Ресен извршен е еден претрес на дом и на подрачјето на Крушево, исто така, еден претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, кокаин, амфетамин различни таблети.
Како најчести жртви од употребата на дрога и психотропни супстанции се јавуваат млади лица, односно средношколци, кои најчесто употребуваат марихуана, а констатирано е дека се продава и консумира и кокаин, амфетамин и екстази.
Извршителите на овие кривични дела најчесто се корисници и дилери и кај нив при личен преглед се пронаоѓаат помали пакувања на дрога, како би можеле полесно да ги сокријат и да ги прикажат дека се за лична употреба, а не за препродавање.
Најчесто, продажбата на наркотици се врши преку претходно договарање по телефон или со користење на разни апликации на интернет, а доставата се врши на тој начин што дилерот му ја остава дрогата на корисникот на определено договорнео место,  а парите се врачуваат подоцна.
СВР Битола продолжува со преземање на интензивни мерки и активности за разбивање на таквите криминални групи и за поднесување на соодветни пријави.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...