Намален број гласачи во Прилеп – споени 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

За година и половина, од парламентарните до локалните избори, во Прилеп се припоени дури 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи. Станува збор за населени места речиси без жители.Прилеп е со најголема територија и 60-тина села, вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК-Прилеп.

И во општините од регионот, има припојување на избирачки места. Од четирите, во три има намалување на бројот на гласачи. Во Прилеп избирачкото тело е помало за дури за 214 гласачи во споредба со парламентарните избори, во Кривогаштани за 56, а во Крушево за 31 гласач. Единствено, мултиетничко Долнени, и покрај припоени две избирачки места, има зголемен број гласачи, за дури 181, пушува МТР

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...