Најважната инвестиција е онаа во младите и образованието велат од ВМРО ДПМНЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешната прес конференција кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ,  Билјана Петкоска истакна дека најважната инвестиција е онаа во младите и образованието.
„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цврсто стојат зад заложбата дека иднината на нашата општина започнува токму во училиштата, во спортските сали, во училниците, онаму каде што растат и се формираат нашите деца.
Во наредниот период, како одговорна локална власт, ќе вложуваме во конкретни, видливи и суштински проекти во сферата на образованието:
– Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп.
– Реконструкција на спортската сала во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Прилеп.
– Реконструкција на скалите и ходниците во ООУ „Рампо Левката“.
– Реконструкција на Студентскиот дом „Орде Чопела“ – Прилеп.
– Изградба на нови спортски сали: во ООУ „Кочо Рацин“ и во едно од населените места.
– Адаптација на дел од училиштата за воведување едносменска настава.
– Набавка на нови музички инструменти и доопремување на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.
– Опремување на кабинет за туризам и угостителство во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.
– Промена на кровот над лабораториите во СОУ „Орде Чопела“.
– Изградба и обнова на повеќенаменски спортски игралишта во основните и средните училишта.
Но, не застануваме тука. Ќе ја продолжиме поддршката за учениците и наставниците, со еднократни парични награди за талентирани ученици, награди и стимул за најдобрите наставници, како и поддршка за најуспешните студенти од нашата општина. Ќе се вложува и во инфраструктурен развој и дигитална трансформација на училиштата: 
– Оградување и уредување на училишните дворови
– Хортикултурно уредување и зелени површини,
– Инсталирање на фотоволтаични панели за енергетска ефикасност,
– Опремување на училници и кабинети со современа дигитална опрема и нагледни средства,
– Подобрување и реконструкција на спортските сали со нови реквизити.
Овие проекти се инвестиција во иднината, во секое дете, во секој ученик, во секој млад човек во Прилеп. Затоа што кога инвестираме во образованието, инвестираме во развој, напредок и подобар живот за сите нас. Со оваа програма, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека знае како, има план и има визија да создаде подобри услови за образование, спорт и младински развој во нашата општина.
Затоа, на овие избори, изберете докажани луѓе, со дела, не со празни зборови. Изберете визија, а не импровизација. Изберете развој, иднина и сигурност, итакна таа на денешната прес конференција.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...