Началниците и полицајците што биле вечерта во „Пулс“, наскоро на обвинителна клупа

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Полицајците што спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ вечерта кога се случи трагедијата и началниците во ОВР Кочани и СВР Штип, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, откако Советот за оценка на обвинителен акт го одобри во целост обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против 13-те полицајци.

На почетокот на март стартуваат судењата за дел од полицајците обвинети за поврзаност со трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени. Полицајците за кои се закажани судењата се товарат за злоупотреба на службената положба, додека 13-те полицајци што се обвинети за директна поврзаност со трагедијата, се товарат за тешки дела против општата сигурност.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За две недели се очекува да се постави камен темелникот на Домот за стари лица во Кочани

Во следните две недели се очекува да се постави камен темелникот за изградба на новиот државен Дом за стари лица во Кочани, најави денеска од Штип заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Тој истакна дека по завршување на постапката за избор на градежна фирма, сега е периодот кога треба да се

По 50.000 франци за повредените и семејствата на жртвите во пожарот во Кран Монтана, а државата ќе помогне и во сподбите за обештетување

Швајцарската влада најави фонд за солидарност и итна исплата од 50.000 франци (65.000 американски долари) за жртвите од смртоносниот пожар во ски-бар-центарот Кран-Монтана на новогодишната ноќ. Од фондот ќе биде исплатен по 50.000 франци секој од 115-те повредени и на семејствата на 41-те загинати, соопшти Федералниот совет. Со цел да се избегнат долги и исцрпувачки

Граѓаните можат да предлагаат до 9 март – Планот за одржлива урбана мобилност на Кочани ставен на увид од јавноста

Неделава во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавна консултација во врска со Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани. Присутните имаа можност директно да се запознаат со процесот на планирање, да слушнат стручни мислења, да согледаат колку е важно младите да бидат вклучени во креирањето на иднината на сообраќајот и урбаната мобилност и да го