По 50.000 франци за повредените и семејствата на жртвите во пожарот во Кран Монтана, а државата ќе помогне и во сподбите за обештетување

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Швајцарската влада најави фонд за солидарност и итна исплата од 50.000 франци (65.000 американски долари) за жртвите од смртоносниот пожар во ски-бар-центарот Кран-Монтана на новогодишната ноќ. Од фондот ќе биде исплатен по 50.000 франци секој од 115-те повредени и на семејствата на 41-те загинати, соопшти Федералниот совет.

Со цел да се избегнат долги и исцрпувачки судски процеси за обештетување, Федералниот совет ќе организира тркалезна маса за да им помогне на жртвите, осигурителните компании и властите да постигнат вонсудски спогодби.

Очекувањата се дека ваквите спогодби ќе чинат околу 20 милиони франци. Претходно беше исплатена првична еднократна помош од државата во износ од 10.000 франци за семејствата на загинатите и повредените во пожарот. Ова ќе биде втора исплата од државата.

Федералниот совет изјави дека се надева оти парламентот ќе го забрза донесувањето на законите што го изготви по итна постапка за да им се помогне на жртвите.

Во исто време, Владата, исто така, најави дека ќе издвои 8,5 милиони франци за да им помогне на погодените кантони да ги покријат вонредните трошоци.

Пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во Кран Монтана однесе 41 живот,  главно млади луѓе – осум биле под 16 години, додека 58 лица со тешки изгореници,  сè уште се лекуваат во болница. Локалните власти признаа дека барот не бил подложен на безбедносни проверки пет години.

Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, се обвинети за убиство од небрежност, телесни повреди од небрежност и палење од небрежност. Покренати се кривични постапки и против раководителот на секторот за јавната безбедност на општината и поранешен инспектор за противпожарна безбедност на советот.

Извор: Канал 77

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени