Граѓаните можат да предлагаат до 9 март – Планот за одржлива урбана мобилност на Кочани ставен на увид од јавноста

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Неделава во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавна консултација во врска со Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани.

Присутните имаа можност директно да се запознаат со процесот на планирање, да слушнат стручни мислења, да согледаат колку е важно младите да бидат вклучени во креирањето на иднината на сообраќајот и урбаната мобилност и да го искажат своето мислење во изготвувањето на стратешкиот документ за урбана мобилност.

Рокот за доставување предлози завршува на 9 март 2026 година. Поднесоците можат да се достават до Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани или на е адресата: info@kocani.gov.mk.

Иницијативата „Развивање на планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ е дел од Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, Договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант).

Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина. Развивањето и спроведувањето на Планот за одржлива урбана мобилност (ПУМП), SUMP е сложен процес кој се спроведува во Кочани за локална транзицијата кон одржлива урбана мобилност.

На јавната консултација во МКЦ значаен придонес дадоа претставници од ОУ „ Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, учениците од сообраќајната струка со своите професори од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани и советничка од Советот на Општина Кочани.

Во интерес на тоа Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани да биде прифатлив и ефективен во практична и оперативна смисла, на линкот https://drive.google.com/uc?export=download&id=1ATZZsGChg_26NFl09ao4fwZXF1AEWAyT е работната верзија на планот, како можност за увид и за доставување предлози до Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прослава со стил – „Кетеринг Јо“ ја создава магијата

Прослава со стил, елеганција и впечаток што останува. Со „Кетеринг Јо“ секој детал е внимателно создаден. Модерна декорација на маса, префинети китенки за свадби и впечатлив welcome mirror со персонализиран натпис – совршен амбиент за фотографии што се паметат. Тренд, креативност и естетика во едно. Атмосфера што го доловува вистинскиот момент. Резервирајте на време и

Одбраната не дозволува повлекување на трауматизирани сведоци, следуваат психијатриски вештачења

Ниту еден од шестемина предложени сведоци на Јавното обвинителство не се појави на  рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 220 беа повредени. Отсуството на сведоците беше образложено со различни причини – двајца одбиле да сведочат поради тоа што не можат повторно да ја преживуваат кобната ноќ,

Манастир „Добра вода“ – Оризари: Утре Света Литургија и црковно народен собир по повод Источен петок Балаклија

Со Утрена и Света Архиерејска Литургија и со голем собир и годинава се планира да биде одбележан празникот Источен петок Балаклија на манастирот „Добра вода“ во Оризари. Највено е присуство на Митрополитот Брегалнички Иларион. Исто така и денеска 16 април, четврток со почеток во 17 часот ќе се одржи Вечерна Богослужба. Првиот петок по Велигден