Моштите од св. Нектариј Егински од петок до недела ќе бидат изложени во храмот св. Петка

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Моштите од светиот Нектариј Егински од петок до недела ќе бидат изложени во храмот св Петка во Точила.

„Поради пројавениот огромен интерес од страна на верниците за поклонение пред моштите на светиот Нектариј Егински, ја известуваме јавноста дека моштите ќе бидат изложени во нашиот храм од петок (22.11) па се до недела (24.11) преку целиот ден од 7:00 па се до 17:00 часот“  информира, преку својата фб страна, отецот, Љупчо Петрески .

Св. Нектариј Егински е еден од најпочитуваните светители во православниот свет. Свети Нектарие Егински е светител кој се смета за современик на денешниот човек, бидејќи по времето кога живеел е близок до сегашниот човек и неговите проблеми, но и голем Божји угодник кој има големо допуштение од Бога да им помага на луѓето во исцеление и спасение како на душата така и на телото

Голем број верници се поклонуваат на на моштите на свети Некатриј Егински, светител на новото време (1846-1920), чиј ден се празнува на 22 ноември. На светителот му се припишуваат чудотворни исцелителни сили, особено за болни од рак. Манастирот, којшто е од него основан во Егина, го посетуваат поклоници од целиот свет и многу од нив не кријат дека добиле исцеление над неговите мошти кои после упокојувањето во 1920 година се мироточиви.
На свети Нектариј Егински му се припишуваат две илјади чуда и тоа обајснува зошто во различни студии го нарекуваат „земен ангел – небесен човек“. Според православното верување од свети Нектариј исцеление добиле болни од рак, парализа, Паркинсонов синдром и нервни болести, бубрежни болести и болести на очите. Затоа, не е чудно што мноштво здравствени институции, а пред сѐ Институтот по онкологија и радиологија на Србија, го имаат за свој заштитник. Мошти на овој светител, освен во Егина, се наоѓаат насекаде низ светот, и црквите што ги имаат моштите го сметаат тоа за голема благодат.

Во Српската Православна Црква неговите мошти се наоѓаат во манастирот во Раковица, каде што патријархот Герман ги донел после една кратка посета на Грција. Во Бугарија моштите на свети Нектариј Егински се чуваат во Руенскиот манастир, с. Скрино (Бобошево).Во  Македонија, мошитите од св. Нектариј Егински, во уникатен кивот (ковчег во кој се чуваат мошти од светители) се чуваат со мошите од голем број светци ж, во олтарот на Бигорскиот манастир.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...