Мицкоски: Консолидацијата на Комбинатот е зад нас, да работиме на развојот(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По назначувањето на новото раководство и новиот генерален директор на Тутунски Комбинат Прилеп, во посета на Цигарна фабрика во Прилеп денеска беше премиерот Христијан Мицкоски придружуван од Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, градоначалникот Борче Јовчески и прилепските пратеници Дејан Проданоски, Петар Ристески, Билјана Кузманоска. Јавното приватно парнерство на Тутунски Комбинат со Филип Морис е воспоставено пред 10 години, со надеж дека соработката ќе продолжи и понатаму посочи Иван Костиќ, директор на Филип Морис Тутунски Комбинат АД Прилеп.

 

– Филип Морис Интернешнл пред 10 години го препозна потенцијалот во Македонија за едно вакво партнерство, кое што еве 10 години подоцна можеме да го видиме добробитот на тоа партнерство и каков успех постигнавме. Малку е познато дека Тутунски Комбинат Прилеп е меѓу најстарите, а можеби и најстара компанија во Македонија и таа оваа година слави 151 година од оснивањето. До толку ни е подраго што стратешкото партнерство меѓу Филип Морис Интернешнел и Тутунски Комбинат Прилеп овозможува компанијата да опстане, после повеќедецениските загуби кои што компанијата ги имаше, да застане на нозе. И ние денеска разговараме за компанијата која што веќе 5 години бележи добри резултати. Од друга страна фирмата која заеднички ја основавме Филип Морис ТКП исто така бележи одлични резултати и допринесува во македонскиот Буџет со преку 120 милиони евра годишно. Бевме во производниот погон каде што можевме да ги видиме инвестициите од последниве 2 години од 1 милион евра во новите производни капацитети и модернизација на машините, што овозможи зголемување на производните резултати не само за домашниот пазар, туку најважно и за извоз. Така што од минатата година можеме среќни да кажаме дека сме почнале да извозуваме од Прилеп, од производството кое што имавме прилика да го видите, производи на 9 пазари. Тоа се пазари, не само нашите регионални, туку и подалеку, а најаважно пазарите на Европската Унија. Зошто велам Европската Унија, затоа што регулативата за плаќање на акцизната стока во Европската Унија е доста стриктна, така што освен квалитетот кој што се произведува овде во ТКП, следењето на тие акцизни добра е нешто што секако мора да го следи. Последниве 2 години е зголемено производството во фабриката за повеќе од 60 %  и секако плановите се да се продолжи така.  Темелите на нашето партнерство се во производниот погон, да имаме адекватни производи, да имаме поддршка од соодветна работна сила и експертиза, посочи Костиќ посакувајќи му успех на новото раководство на Тутунски Комбинат Прилеп.

-Соработката на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис ќе направиме се’ да продолжи и во иднина. Има големи планови, се надевам дека ќе бидеме успешни во тој поглед, посочи Алексоски, новиот директор на Комбинатот.

Премиерот Мицкоски им се заблагодари на прилепските пратеници за заложбите кои ги прават за тутунарите  министерот и министерството на кои како што рече врвен приоритет им се тутунопроизводителите и сите земјоделци. Во однос на соработката со Филип Морис, Мицкоски очекува консолидацијата на Комбинатот да е минато.

– Очекувам овој период на консолидирање на Тутунскиот Комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана. И очекувам во годините кои што следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството, зошто да не овие 9 пазари, да не бидат 18 пазари. Тоа е она за кое што сите ние работиме и тоа е она што оваа Влада ќе даде безусловна поддршка, и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина. Многу е направено, многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана, ајде сега сите заедно да работиме на развојот. Тоа е она што е наш приоритет, рече Мицкоски во врска со посетата и правецот за идна соработка  со Филип Морис.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИН МЕМОРИАМ: Почина прилепски уметник Богдан Грабулоски -Боначо

Богдан Грабулоски – Боначо ( 1948 – 2024)  остави неизбришлива трага во современата македонска ликовна уметност. Витезот на одделот за уметност наа Ordine Accademika Internazionale – Greci Marino, Вербано, Италија, долго ќе се памети. Беше уметник кој реализираше бројни самостојни изложби во родниот град, во Скопје, Битола, Охрид, Куманово, а...

УХМР: Метео предупредување за студен бран, дожд и снег

Од Управата за хидрометеоролшки работи известуваат дека утре не’ очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m²). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините...

„Човек – Муза“- едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција

Во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп на 22 ноември 2024 /петок/ од 19.00 ч.  ќе биде отворена изложбата „Човек – муза“ од Зоран Тодороски, која е всушност едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција. Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште  во почетокот на 50- тите...