„Месни поклади“ во манастирот „Свети Спас“ во организација на жениете од здружението „Златни Срца“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во организација на Здружение на жени „Златни срца“ од Виница, вчера во атарот на манастирот „Св. Спас“ во село Драгобраште се одржа манифестација „Месни поклади“.

Настанот имаше за цел да ги обедини граѓаните и да придонесе кон зачувување на традицијата, верата и културното наследство. Преку ваквите собири се негуваат вековните обичаи, се зајакнува заедништвото и се поттикнува почитта кон духовните вредности, велат членките на „Златни срца“ .

Ова здружение на жени од Виница  претставува симбол на хуманост, љубов кон традицијата и посветеност на православната вера.

Вредните и неуморни членки континуирано организираат настани со кои се негува македонската традиција и се зачувуваат корените на локалната заедница. Нивната мисија е преку активностите што ги организираат да внесат топлина, добрина и духовност во секој настан што го реализираат.

И оваа манифестација, како и повеќето претходни активности на здружението, имаше хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на домашно подготвената храна, изработена од бројни домакинки, ќе бидат донирани за потребите на манастирот „Св. Спас“.

Општина Виница, се наведува во соопштението од локалната самоуправа, дава поддршка на настани од ваков карактер, кои истовремено ги поврзуваат луѓето, ја зачувуваат културата и верата и ја поттикнуваат хуманоста.

На овој настан присуствуваа градоначалникот Митко Костадиновски и пратеничката во Републичкото собрание, Даниела Христова.  Во знак на поддршка за она што го прават

жените од здружението „Златни срца“,Костадиновски и Христова засадија плодородни и зимзелени дрвца во дворот на манастирот „Свети Спас“.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Регионални спортски игри на пензионерите

В четврток,  28 мај, со почеток во 10 часот, на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одржат 30. Регионални спортски игри на пензионерите. Домаќин на спортскиот настан е Здружението на пензионери – Кочани, а ќе учествуваат здруженијата на пензионери од Виница, Македонска Каменица, Берово, Делчево и Пехчево.

25 Мај – празникот што ја обединуваше Југославија

Со Штафетата на младоста и масовниот слет на стадионот ЈНА во Белград, 25 мај беше еден од најзначајните празници во поранешна СФРЈ. Празникот се одбележувал од 1945 до 1988 година и бил поврзан со роденденот на Јосип Броз Тито, иако според историските податоци Тито е роден на 7 мај 1892 година. Во првите години 25

Познати стадионите за баражите за Втора лига: Кочани домаќин на Кожув – Борец

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув