МЕПСО: ЗАМЕНАТА НА ПРОВОДНОТО ЈАЖЕ ЗНАЧИ СИГУРЕН И СТАБИЛЕН ЕЛЕКТРОПРЕНОСЕН СИСТЕМ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп и населените места денеска на најстудениот ден беа без напојување на електрична енергија во периодот од 06: 30 до 11 и 30, а некои населби во градот и пред тоа беа приклучени на електроенергетскиот систем.
Исклучувањето беше дел од планирани активности на електропреносната мрежа, со кои се изврши демонтажа на старо проводно јаже од 110 kV далекувод ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник во реализација на стручните екипи на АД МЕПСО.
„Извршените зафати треба да обезбедат сигурно и стабилно функционирање на електропреносниот систем,“ информираат од МЕПСО.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со спорт во Кривогаштани одбележан Меѓународниот ден на ретките болести

По повод Меѓународниот ден на ретките болести 28 ми февруари, последниот ден од најкраткиот месец во годината со вклучување на младите, на учениците, три здруженија Центар за развој и едукација, ЛАГ Агро Лидер и Урбано гнездо со поддршка на Општина Кривогаштани денеска реализираа спортски настан. Со активноста трите организации иницираа...

Ќе има ли и за Прилеп електрични еко автобуси?!

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за останатите општини. Дали вакви автобуси има и за Прилеп, останува да се види, иа доколку има кога, докој...

Прилеп подготвува стратешки план за урбана мобилност односно за создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка. Целта на проектот е...