Дека младите прилепски фудбалери имаат светла перспектива потврдата дојде од Европското првенство во футсал за ученици до 18 години што се одржува во Бања Лука, Република Српска. Како македонски шампиони футсал екипата на Ричко избори седм место во Европа во конкуренција на 15 екипи.
Нашите футсалци последниот натпревар против селекцијата на Србија 2 го добија со службен резултат, откако противникот поради бројни повреди не настапи.
Футсал екипата од Ричко четири натпревари од кои два со нерешен резултат против екипата на Словачка и Белгија. Со екипата на Унгарија 3 извојуваа голема победа од 10:1, додека единствениот пораз го претпреа во битката за полуфинале против екипата на Унгарија со идентичен резултат.
Европското првенство за футсал во Бања Лука завршува на 16 ти мај. Прилепските млади футсалци се враќаат во Прилеп со богато меѓународно искуство, несомнено потребно за нивната натамошна кариера.
Македонската делегација во Бања Лука ја сочинуваат: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.
Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.









