Ротаракт клубот Прилеп на 17ти мај (недела), со почеток во 10 часот, во спортската сала од ООУ „Добре Јованоски“ организира меморијален футсал турнир во чест на Бојан Китаноски, младиот ротарактовец, кој трагично го загуби живот пред неколку години.
Меморијалениот футсал турнир е од хуманитарен карактер и се одржува по втор пат.
Пријавувањето е во тек и за екипите котизација од тим (5+1) е 1000ден.
Контакт и пријавување на телефонскиот број 075 416 731.









