Маестрален концерт на прилепскиот хор „Керамија“ (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва, фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше претесно за огромниот број посетители на концертот на единствениот женски камерен хор во Прилеп, „Керамија“.

Со изведба на духовна музика, народна музика и поп музика, овој хор го одбележа своето едногодишно постоење. Голем дел од изведбите наидоа на громогласни аплаузи.

 

Со маестрална изведба се претставија и гостинките од поп-рок хорот БитВокс од Битола, со изведба на поп и рок композиции. Нешто што беше неочекувано за концерт на хор,  а наиде на внимание беше поетскиот настап на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, кои се претставија со нивни автроски стихови.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Прилеп, д-р Борче Јовчески и градоналачникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски. Јовчески се обрати пред публиката, да го поздрави хорот домаќин и гостите.

Не можевте да ни приредите поубава вечер од оваа. На мојата сопруга денес и е роденден, па верувам дека ваков роденден не доживеала досега. Ви благодарам за тоа-рече Јовчески, кој е често присутен на културните настани во Прилеп. 

Концертот е дел од годишната програма на Центарот за култура, поддржана од Министерството за култура и туризам, а е во рамки на одбележувањето на 45 години постоење на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: