Локалната самоуправа на Зрновци доби Општински совет за социјална заштита

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Согласно Законот за Локална самоуправа, Законот за социјална заштита и Статутот на општина Зрновци со делигирани претставници од сите релевантни институци вклучени во процесот за Социјална заштита на Локално ниво во Зновци е  формиран Општински совет за социјална заштита.

За претседателка е избрана Александра Соколова.

Делокруг на работа на Општинскиот совет за социјална заштита опфаќа :

– Планирање и развој на мрежата на социјални услуги на општината, развивање на локалните мерки и активности за социјална заштита.

– Учествува во изготвувањето на социјалното мапирање и изработката на Планот за социјална заштита на општината,

– Ја следи состојбата на локално ниво и обезбедува координација на активностите на членовите на Советот за социјална заштита, државните институции, здруженијата на граѓани, лиценцираните даватели на социјални услуги, кои дејствуваат во областа на социјалната заштита во општината;

– Иницира разгледување на прашања поврзани со обезбедувањето  социјални услуги во општината за кои е неопходна координација меѓу општината и партнерите од приватниот и граѓанскиот сектор;

– Усвојува предлози за потребата од развивање на социјални услуги во општината, видот и начинот на воспоставување на услугите, најмалку еднаш годишно;

– Го разгледува Социјалниот план на општината и дава предлози за менување и дополнување до советот на општината

– Учествува во изготвување на Годишната Програма за социјална заштита на општината

– Иницира и координира меѓуопштинската соработка на општините во областа на социјалната заштита;

– Учествува во изготвување и доставување на Предлог за потребата од развивање на социјални услуги во општината, видот и начинот на воспоставување на услугите до Министерството за труд и социјална политика, најмалку еднаш годишно;

– Иницира и координира прекуграничната соработка со региони од други земји во областа на социјалната заштита;

– Изготвува редовен годишен извештај во месец јануари, поднесува за активностите на советот за социјална заштита за претходната година

– Учествува во изготвување на извештај од социјален план и го доставува најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година до советот на општината;

– Врши и други работи поврзани со остварувањето на социјалната заштита во општина Зрновци.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница следната година се отвора туристичко- угостителска струка

Општина Виница информира дека како резултат на потребите и барањата од локалниот бизнис сектор, желбите на учениците и заложбите на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, како и на локалната самоуправа и МОН – од учебната 2026/2027 година во тоа средно училиште ќе се отвори сектор „угостителство и туризам“ со образовен профил „угостителски техничар“. Главни иницијатори

Кочани го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Со низа активности, Општина Кочани во соработка со невладините организации „Авена“, „Анка“ и „Светла иднина“ ќе го одбележи 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Одбележувањето започнува денеска, 7 април (вторник),  на спортското игралиште во ОУ „Раде Кратовче“, каде што ЗГ „Авена“ организира турнир во мал фудбал со учество на екипи составени од Роми и Македонци.

Во нејзиниот втор дом – Промовирани две книги на Дедова

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавањето“, посветена на нејзиниот починат брат, Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“. Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емуции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски