Концерт на женскиот хор „Керамија“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ , понеделник, на 11.11.2024 година, со почеток во 19:00 часот  ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На програмата ќе бидат дела од духовен карактер, македонски народни песни, песни од македонска забавна музика и англиски хитови. Диригент Катерина Попоска. Музички соработници на концертот  на Женски камерен хор  „Керамија“ ќе бидат Иле Иваноски пијано, Менде Ташкоски тамбура, Филип Бурнески тарабука, тапан.

Гости на вечерта се поетите Лина Димоска и Филип Димкоски и  Поп Рок хор „BIT VOX“ од Битола под диригентска палка на Марина Коруновска и пијано корепетиција Александрa Ристовска.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...