Кочанската Библиотека „Искра“ ја започна програмата за одбележување на 23 Април – Светски ден на кнгата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во одделението на ЈОУ Библиотека ,,Искра” во кочанската населба Оризари, во пресрет  на 23 Април – Светски ден на книгата и авторското право,  на пригодна свеченост прогласени се најдобрите читатели. Во категоријата деца, титулата „најчитател“ на годината ја понесе Андреа Христова, додека кај возрасните најмногу книги во претходната година  има прочитано, Ѓорѓиева Анка.

Настанот денеска во Оризари е активност штое дел од дводневната програма со која Библиотеката „Искра“ од Кочани го чествува Светскиот ден на книгата и авторското право.

Денеска се реализираа уште два настани предвидени со програмата за одбележување на 23 Април. Во ОУ „Крсте Петков Мисирков“, исто така во населбата Оризари, се приреди средба со ученици во чест на Вилијам Шекспир, при што се реализираше литературно читање на едицијата „Шекспир за деца“ во издание на Арс Ламина.

Во Детската градинка „Павлина Велјанова“, пак,  на најмалите им беа претставени и прочитани детски изданија како дел работилницата „Мојата прва книга“.

Првиот ден од одбележувањето на Свестскиот ден на книгата и авторското право во Библиотеката „Искра“ во Кочани заврши со промоција на книгата „Учесници во народноослободителната и антифашистичка  војна на Македонија 1941-1945 од Кочани и кочанско“ од авторот Славица Цветкова.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка