Во Кочани вечерва хуманитарен настап на балетската група „Ballet Magnificat“ од САД

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вечерва во Кочани ќе настапи „Ballet Magnificat“, професионална балетска група од градот Џексон, Мисисипи, САД, со хуманитарен концерт за помош на жртвите од пожарот во „Пулс“.

Балетската претстава што  ќе биде одиграна на  сцената во ЦК „Бели мугри“, претставува приказна базирана на книгата  „Писмата на душевадникот“ од Карл Луис.

„Ballet Magnificat“  го сочинуваат 15 членови. Директор на групата е Џереми Браун.

-Постоиме од 1986  година, досега имаме настапуваново во 45 држави. Во Македонија сме по четврти пат.  Во Кочани доаѓаме за прв пат, изјави за Радио Кочани  директорот на балетската група од Џексон, Џереми Браун.

Тој, во краткиот разговор што го водевме, нагласи дека се овде за да дадат свој придонес во сеопштите активности за помош и подршка  на Кочани и настраданите во нивното заздравување.

За оваа балетска претстава на „Ballet Magnificat“ од САД е поставена посебна подлога на сцената во кочанската Национална установа ЦК „Бели мугри“. Претставата започнува во 19 часот.

„Ballet Magnificat“ во нашата држава ги води Здружението на граѓани „Сакај го  Кочани“. Балетската група од САД кај нас месецов имаше два настапи со хуманитарен предзнак – на 17 април во МКЦ во Скопје  и на 20 – ти во ЦК „Ацо Шопов“ во Штип.

 

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден за идните првачиња во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Денеска е 22 април, Ден на планетета земја. Наставно-воспитниот кадар од Општина Кочани буквално го искористи поводот да се организира отворен ден за прием на новите првачиња од детските градинки. Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ дојдоа дечињата од предшколска возраст од детската градинка „Павлина Велјанова“ и приватната детска градинка „Амичи“. За целите и задачите

Оризопроизводителите од Грдовци годинава ќе сеат помалку ориз – започнаа подготовките за новата сезона

Годинава оризопроизводителите од селото Грдовци ќе сеат помалку ориз затоа што цените на ѓубривата се зголемени, а и оризот од минатат година се уште им стои во амбарите. Инаку, Владата донесе мерки за ограничување на цените на ѓубривата, со цел заштита на земјоделците и стабилизирање на пазарот. Според одлуката, неорганските ѓубрива ќе може да се

Бутик „Алекс“ Грдовци – најниски цени и онлајн шопинг за целото семејство!!!

Вистински избор за стил и заштеда – Бутик Алекс во Грдовци! Во Бутик Алекс ве очекува голем избор на машки и женски фармерки, блузи со кратки и долги ракави, удобни тренерки, модерни женски чанти и елегантни женски сакоа. Достапни се и детски комплети и чорапи за најмалите. Секојдневна мода за целото семејство – по најниски