Оризопроизводителите од Грдовци годинава ќе сеат помалку ориз – започнаа подготовките за новата сезона

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Годинава оризопроизводителите од селото Грдовци ќе сеат помалку ориз затоа што цените на ѓубривата се зголемени, а и оризот од минатат година се уште им стои во амбарите.

Инаку, Владата донесе мерки за ограничување на цените на ѓубривата, со цел заштита на земјоделците и стабилизирање на пазарот.

Според одлуката, неорганските ѓубрива ќе може да се продаваат со најмногу 5 проценти трговска маржа, додека кај органските, органоминералните и биостимулаторите маржата е ограничена на 10 проценти.
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека досегашните анализи покажале значително повисоки маржи – од 15 до 60 проценти, а кај дел од производите и до 70 проценти.
Дополнително, трговците кои имаат залихи набавени по стари цени се обврзани веднаш да ги намалат продажните цени за 10 проценти.
Мерките стапуваат на сила веднаш и ќе важат до крајот на мај. Надлежните велат дека одлуката е донесена по засилени контроли и разговори со увозниците, откако биле забележани нови поскапувања.
Целта е да се обезбеди доволна понуда и да се спречи неоправдан раст на цените, во услови на глобална криза на пазарот со ѓубрива.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден за идните првачиња во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Денеска е 22 април, Ден на планетета земја. Наставно-воспитниот кадар од Општина Кочани буквално го искористи поводот да се организира отворен ден за прием на новите првачиња од детските градинки. Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ дојдоа дечињата од предшколска возраст од детската градинка „Павлина Велјанова“ и приватната детска градинка „Амичи“. За целите и задачите

Во Кочани вечерва хуманитарен настап на балетската група „Ballet Magnificat“ од САД

Вечерва во Кочани ќе настапи „Ballet Magnificat“, професионална балетска група од градот Џексон, Мисисипи, САД, со хуманитарен концерт за помош на жртвите од пожарот во „Пулс“. Балетската претстава што  ќе биде одиграна на  сцената во ЦК „Бели мугри“, претставува приказна базирана на книгата  „Писмата на душевадникот“ од Карл Луис. „Ballet Magnificat“  го сочинуваат 15 членови.

Бутик „Алекс“ Грдовци – најниски цени и онлајн шопинг за целото семејство!!!

Вистински избор за стил и заштеда – Бутик Алекс во Грдовци! Во Бутик Алекс ве очекува голем избор на машки и женски фармерки, блузи со кратки и долги ракави, удобни тренерки, модерни женски чанти и елегантни женски сакоа. Достапни се и детски комплети и чорапи за најмалите. Секојдневна мода за целото семејство – по најниски