Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод Европска недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили,  денеска во Градскиот парк во Кочани се одржа едукативен настан со ученици од  кочанските  основни училишта.

Ученици од одделенска и предметна настава настапија на велополигон и ги подобруваа велосипедските вештини и знаења, а дел твореа со лего-коцки на тема: Како сакам да изгледа мојот град.

Учесниците имаа можност да се запознаат со велосипедските делови преку различни видови едукативни игри. Преку симулација на пешачки премин, учење рачни сигнали, сообраќајни знаци, користење на заштитна опрема, учество во бавна трка, стекнаа нови знаења за безбедноста при возење велосипед.

Настанот е дел од проектот: „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и ОСБСП – Кочани.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По 50.000 франци за повредените и семејствата на жртвите во пожарот во Кран Монтана, а државата ќе помогне и во сподбите за обештетување

Швајцарската влада најави фонд за солидарност и итна исплата од 50.000 франци (65.000 американски долари) за жртвите од смртоносниот пожар во ски-бар-центарот Кран-Монтана на новогодишната ноќ. Од фондот ќе биде исплатен по 50.000 франци секој од 115-те повредени и на семејствата на 41-те загинати, соопшти Федералниот совет. Со цел да се избегнат долги и исцрпувачки

Граѓаните можат да предлагаат до 9 март – Планот за одржлива урбана мобилност на Кочани ставен на увид од јавноста

Неделава во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавна консултација во врска со Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани. Присутните имаа можност директно да се запознаат со процесот на планирање, да слушнат стручни мислења, да согледаат колку е важно младите да бидат вклучени во креирањето на иднината на сообраќајот и урбаната мобилност и да го

Инспектор од Кочани му помагал на осомничено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение