Караванот Локални Избори 2025 на СДСМ и Коалицијата утре во Прилеп на трибина во Цепенков

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Караванот, Локални Избори 2025  на  СДСМ и Коалицијата , под наслов „Се бориме за Вашиот дом“ утре (08.10 2025) среда ќе биде во Прилеп.
На трибината ќе говори претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој ќе даде поддршка на своите кандидати,  кандидатката за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Петра Лукароска и носителката на кандидатската листа за советници, Драгица Николоска.
На трибината, во НУЦК „Марко Цепенков“, како што најавија од ОО на СДСМ, ќе стане збор за проблемите кои ги засегаат граѓани на Прилеп, за решениата и можностите кои ги нуди оваа политичка опција доколку ја добие довербата на граѓаните на престојните Локални Избори кои ќе се одржат на 19 ти октомври.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...