Kaранфилоска: Природата е совршено место за пронаоѓање на сопствениот мир

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Разговор со Елена Каранфилоска, шампионка во скајранинг

Елена Каранфилоска (моминско Ртоска)  од Прилеп, е македонска шампионка во спортската дициплина скајранинг, која не е многу позната кај нас во Македонија. Годинава го освои осмото место на светското првенство во скајранинг.  За  скајранингот како дисциплина, за нејзините почетоци, успеси, идни планови и нејзините пораки, зборуваме во овој разговор….

 

Како се разви првенствено љубовта кон спортот и што беше пресудно скајранингот да биде твојот избран спорт?

Љубовта кон спортот ми се роди уште од детството, кога редовно учествував во активности,а со Скајранинг почнав да се занимавам дури во студентските денови. Пресуден момент за изборот на скајранингот беше првата трка на планина, кога почувствував комбинација на физички напор и природна убавина. Тоа беше момент на откритие дека ова е спортот што ме исполнува најмногу.

Кај нас не се знае многу за оваа спортска дисциплина, па те молам, појасни им на читателите за каков спорт се работи и што опфаќа тој?

Скајранингот е планинска дисциплина што ги комбинира трчањето и планинарењето на високи и предизвикувачки терени. Се одвива на височини над 2.000 метри, со стрмни нагиби и технички делници. Ова е спорт за оние кои сакаат да ги тестираат своите граници додека уживаат во убавината на природата.

 Добитничка си на повеќе награди, а осма си на светското првенство што годинава се случи во Шпанија? Наброј ги и другите твои постигнувања и кажи ни, покрај наградите кој е наголемиот мотив за наптреварување и постигање на што повисоки резултати.

Имам учествувано на повеќе локални и интернационални натпревари.Како поважни натпревари би ги издвоила европските и светските првенства во скајранинг, како и UTMB-OCC, Pirin Extreme, Istria by UTMB, Virgin forest trail, Crossing Riviera, SkySnow championships, Галичица ултра, Титов врв скајрејс, Љуботен скајрејс, балканско првенство..Мојот најдобар резултат мислам дека го достигнав оваа година, со осмото  место на светско првенство во скајранинг, во комбинирана класификација на дисциплините скај класик и вертикален километар. Како и четиринаесетто  место на скајмастерс во Шпанија, трка која беше финале од трките кои се дел од светските серии и каде што право на учество имаат само учесници кои исполнуваат одредени критериуми, како што се: најдобрите 20 учесници од светските/европските првенства, подиум на некоја трка од светските серии или трка која е дел од скајранинг лига на државно ниво и е дел од интернационалната скајранинг федерација. Исто така и рекордот на стаза на државното првенство во скајранинг на Титов врв, како и подиумите во Швајцарија, Грција, Хрватска, Бугарија, седмото мото комбинирано место на европското првенство во 2023 и повеќе рекорди на локални и интернационални трки. Но, најголемиот мотив за мене не се само наградите, туку чувството на личен напредок и можноста да инспирирам други да го пробаат овој спорт.

Авторка си и на паликација  за планински туризам. Што опфаќа таа и како може да помогне во секојденвието?

Апликацијата за планински туризам е мојот дипломски труд и е пример за апликација каде што туристите и спортистите би можеле да планираат рути, да добиваат информации за теренот, да пронајдат најблиско сместување и да прочитаат препораки. Се надевам дека спортот ќе достигне поголем развој, а со тоа и апликациите од ваков тип би имале поголема примена. Со тоа можеби еден ден ќе ја објавам таа апликација и би ја доработила на повисоко ниво.

Кои се твоите други интереси освен скајранингот и со што го исполнуваш слободното време?

Освен скајранингот, уживам во цртање, читање/следење на нови технологии и филмови. Слободното време го поминувам во истражување на нови планини, шетање или дружење.

Која е твојата порака до  твоите врсници и до младата генерација воопшто.

Мојата порака е секогаш да ги следат своите интереси и да не се плашат од предизвици. Животот е полн со можности, а природата е совршено место да го пронајдете својот внатрешен мир и сила. Верувајте во себе и секој ден трудете се да бидете подобра верзија на себе.

 

Разговорот го водеше Филип Димкоски

Фото: приватна архива

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За пошумување на „Маркови кули“ и за одржување на зелените површини – Прилеп доби два нови проекти за подобра животна средина

Два проекти за подобра животна средина доби Оптшина Прилеп, од Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година (2025) преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој. Проектот „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ опфаќа нов мини багер, за  поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени...

За објави на говор на омраза на социјалните мрежи прилепчанец добил кривична пријава

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.М.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 10.04.2025 преку социјалната мрежа, пријавениот споделил видео запис со кој поттикнувал омраза и нетрпеливост. За опасноста од вавките објави, говори...

АЛТЕРНАТИВНАТА СЦЕНА СЕ ВРАЌА НА ПИВО ФЕСТИВАЛОТ

Трите фестивалски вечери ( 18 -20 јули) ќе бидат збогатени со настапи на DJ-и, кои ќе се погрижат забавата да продолжи и по завршувањето на програмата на централната бина. Алтернативната сцена ќе се одржува на   Камена Бина. В петок на алтернативната сцена ќе настапи DJ Martin Kay, в Сабота спектакуларно...