Кадровски промени во две јавни институции во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска на местото на Бранко Нешкоски, за  директор ЈП за ПУП – Прилеп , во чиј состав функционира јавниот градски превоз и паркинг просторот во Прилеп, назначен е Игор Неделкоски, Малку познат на јавноста. Инаку тој е дипломиран сообраќаен инженер, со 10 годишно работно искуство и доаѓа од приватниот сектор, како вработен во  Станицата за технички преглед „Авто Контрол“ – Прилеп.
Промена на директорската позиција е направена и во ЈОУДГ „Наша иднина“  – Прилеп.
На местото на Христина Трпческа, за директор на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп е назначена Билјана Петкоска, дипломиран професор по предучилишно образование, инаку, воспитувач во установата со  20 годинишно работно искуство со деца од  предучилишна возраст.
„Овие кадровски промени се направени со цел продолжување на професионалниот пристап, јакнење на стручноста, стабилно и транспарентно работење, како и градење поголема доверба кај граѓаните,“ велат од локалната самоуправа.
Во текот, на оваа недела се очекуваат и други кадровски промени во јавните прилепски претпријатија!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...