IN MEMORIAM: Почина универзитетската професорка од Прилеп, д-р Рамона Маркоска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вчера, на(17.7.2025 година) почина д-р Рамона Маркоска, (1963- 2025) редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Д-р Рамона Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започна на Техничкиот факултет – Битола во 2008 година, а во 2014 година продолжи со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Со нејзината смрт академската заедница на ФИКТ и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола загуби драга и почитувана колешка, истакнат и посветен наставник и истражувач од областите на програмските јазици и технологии, семантичките веб технологии, моделирањето на е-бизнис процесите и менаџментот на информатичките и комуникациските технологии.

Меѓу колегите и студентите ќе остане запаметена по нејзината стручност и посветеност во изведувањето на наставно-научната дејност.

Д-р Рамона Маркоска во својата кариера беше и советник во Советот на општина Прилеп,од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Прилепчани ќе ја паметат како одговорна и совесен советник и почитуван граѓанин во својата заедница.

Денеска, беше погребана на новите прилепски гробишта.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Ристеска: навремената заштита е гаранција за добар род!

Секоја земјоделска сезона е посебна приказна, во која директните производители за оптимални резултати треба да ги следат временските прилики и навремено да реагираат, да превенираат и да ги заштитат посевите или насадите. Периодов во Пелагонија актуелни се последиците од поплавите, сеуште дел од земјоделските парцели се под вода, а некаде...

Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го...

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола: