Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силен интензитет

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните работи на автопатот Прилеп – Битола.  „Изградбата се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година,“ истакна Николоски.
Интензивно се работи на 22 км пробиена траса од вкупно 40 км или на 55 % од вкупно предвидената траса.  Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка.  Од увидот беше потенцирано дека во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.
Во овој момент според диманичкиот план и оперативните потреби на терен се работи со преку 75 машини и механизација.
Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1263 предмети, до сега решени се 1204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано. Вицепремиерот Николоски при увидот потенцира дека навременото завршување на автопатот Прилеп-Битола ќе значи забрзан развој на Пелагонскиот регион,  можност за нови инвестиции, развој на локалните бизниси и повеќе работни места. Овој автопат има силно влијание врз севкупниот развој на Пелагонија и затоа е многу важно да биде изграден на време и согласно сите стандарди.
Автопатот Прилеп-Битола е дел од Кородорот 10 -д, паневропски коридор што и дава посебно економско и геополитичко значење на Македонија.
Покрај овој проект, министерот најави и започнување на постапка за изградба на нов автопат од Фариш до Прилеп, со што градот ќе биде поврзан со автопатска мрежа од двете страни. Паралелно, во соработка со општина Прилеп, се работи и на план за изградба на обиколница околу градот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...

„Педали и приказни“ на плоштад во Прилеп: музика, возење велосипед, проекција на филмови

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment. Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп ќе...

Монодрамата „Лидија, или сè што знам за жените“ в сабота на Сцена 105

На 18.04.2026/сабота/ од 20.00 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптација, режија и актерска игра: Игор Трпчески Музика на акустична гитара:...