„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите.

„Јас, Димитар Радески, како канцер пациент кој минува низ агонијата наречена ”рак” за прв пат јавно и сурово искрено ќе говорам за мојата агонија и најтешка борба во мојот живот и во животот на мојте најблиски. На настанот учество ќе земат и дел од најдобрите доктори во нашата држава, претседателот на комисијата за ретки болести, музички изведувачи и артисти и други успешни личности што ја поддржуваат мојата идеа.

Во текот на целиот настан ќе се води дискусија и интеракција меѓу мене, докторите и сите присутни во публика, со што секој еден ќе може да постави прашање од слободен тип до мене и докторите на што веднаш ќе добие одговор.

Мојата амбиција и план е сето ова да го претворам во караван низ нашата држава во повеќе градови, со што преку мојата приказна ќе се потрудам на сите да им ја доближам вистинската слика и реалноста од патешествието на еден пациент со канцер, покрај што сакам да ја подигнам свеста околу малигите заболувања меѓу сите нас, а преку нашите најдобри доктори ќе се едуцираме и информираме што повеќе во врска со овие заболувања.

Настанот ќе биде опфатен со свечен прием, многу музика, пеејќи сите заедно да ги разбиеме сите солзи таа вечер, коктел дружење со мене и докторите присутни на настанот.

Нескромно, ваков тип на настан со концепт и содржина како “Живот повторно”, досега на нашите простори и пошироко се нема остварено ниту пак одржано.

Јас веќе сум присутен во повеќе градови со цел да допрам до што повеќе луѓе и да ги информирам за овој настан. Заинтересираноста е навистина многу многу голема за што сум навистина пресреќен!

Ги поканувам сите заинтересирани да набават билети, да го поддржат мојот проект “Живот повторно” и да дојдат да се дружиме заедно на еден поинаков настан.

Многу прашања, многу одговори! На 19 Април, НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп, со почеток од 18:00 часот, дојдете сите заедно да ја подигнеме и поттикнеме свеста меѓу сите нас во врска со малигните заболувања! Ве очекувам!“, стои во поканата за настанот на социјалните мрежи од храброто момче Димитар Радески.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силен интензитет

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните работи на автопатот Прилеп – Битола.  „Изградбата се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на...

„Педали и приказни“ на плоштад во Прилеп: музика, возење велосипед, проекција на филмови

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment. Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп ќе...

Монодрамата „Лидија, или сè што знам за жените“ в сабота на Сцена 105

На 18.04.2026/сабота/ од 20.00 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптација, режија и актерска игра: Игор Трпчески Музика на акустична гитара:...