ИН МЕМОРИАМ- Почина прилепскиот бизнисмен Темпо, еден од сопствениците на брендот Elitte cafе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Почина, Кирил Тодороски – Темпо (роден на 23.12.1957), еден од сопствениците на компанијата „Ројтем ДООЕЛ„ од Прилеп, позната под брендот Елит Кафе.

-Кирил зад себе остава силен печат, како човек со препознатлив позитивен дух, голема посветеност и љубов кон својата работа. Со години беше двигател во развојот на компанијата, присутен во секојдневието на вработените, клиентите и партнерите. Неговата насмевка, поддршка и искрена човечност ќе недостасуваат на сите што имаа чест да го познаваат – напишаа од компанијата во соопштение на социјалните мрежи, изразувајќи  искрено и длабоко сочувство до семејството, пријателите и блиски.

„Ројтем ДООЕЛ„ започнува со работа 1991 со трговија на големо со прехрамбени производи и стоки за широка потрошувачка,  за да веќе во 1992 се отвара пржилница за кафе со капацитет од 60 кг на 1 час. 1999 за прв пат во Македонија во партнерски односи компанијата стартувала  со пакување на мелено кафе во лименка под брендот Clasik caffe за  во 2002 со инвестираме во нова опрема за пакување и мелење на различна грамажа на кафе  почнуваме со работа на поанатиот кафе бренд Elitte cafе .

Телото Кирил Тодороски – Темпо  ќе биде изложено на Нови градски гробишта во Прилеп,утре, на 04.12.2025 (четврток) од 10:00 до 12:00 часот, а погребот ќе се одржи во 12:00 часот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Најавени прекини на електричната енергија за понеделник и вторник

Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известува за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за деновите понеделник и вторник:  На 20.04.2026 год. (понеделник) од 09.30 ч. до 15.00 ч. на следните места во Општина Прилеп : викенд населба ,,Маркова чешма” , Поводеници и Вештачко езеро – Прилеп.  На 21.04.2026...

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силен интензитет

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните работи на автопатот Прилеп – Битола.  „Изградбата се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на...