ИН МЕМОРИАМ: Почина актерот Лазе Манасков

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 67 години, денеска почина актерот, Лазе Манасков, македонскиот актер кој остави длабока трага на македонската сцена.

“На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков,” објави неговата матична куќа Драмски театар од Скопје, каде што го помина целиот работен век.

Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022.

Неговата плодна актерска дејност, остави траги во македонското глумиште, преку  многубројните улоги на театарската сцена и кариера на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ ..

Беше дел од Македонски народни приказни,  „Преспав“, „Пусто турско“…

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...