Игески: Прилепската локална економија ќе се развива со поддршка на стартапи и ЕУ фондови, поедноставување на бизнис процедурите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Ѓорѓија Игески,  во интервју во Радио Пела ги претстави клучните точки од својата економска програма, со фокус на поддршката на малиот бизнис, привлекувањето инвестиции и поедноставувањето на административните процедури.​ Во делот на неговата програма за „Економија и Поддршка на Граѓани“, тој вели дека економски градот може да се развива ако се работи домаќински, чесно и одговорно.

Повеќе акцент треба да ставиме на нашите, домашните инвеститори, прилепчани… Да им се понудат услови како на странските инвеститори: поедноставување на процедурите за добивање дозволи за градба за отворање на нови бизниси со цел да се скрати времето и да се намали бирократијата при издавањето на градежните дозволи. Општината има улога на тие локации да изгради инфраструктура: водоводна и канализациска мрежа, достапен пат, а инвеститорот да започне со работа без пречки. Административните процедури да се сведат на минимум и да не се заобиколува законот, да се работи кон решавање и поефективно делување за да им се помогне на домашните бизнис инвеститори да вложуваат во Прилеп, за да има нови вработување и градот да се развива, а младите да не ни’ бегаат“ вели Игески

Ѓорѓија Игески, кој доаѓа од приватниот сектор, нагласи дека целта е да се создаде стимулативна бизнис клима каде што граѓаните и претприемачите ќе можат брзо и ефикасно да започнат и развиваат свои идеи. ​Во неговите конкретни мерки за развој на локалната економија тој прцизира:

​ За привлекување инвестиции: Активно искористување на европските фондови и државните програми за инвестиции, преку формирање на општинска единица која ќе им помага на бизнисите во аплицирањето.
​За Поддршка за малите и средни претпријатија (МСП): Директна поддршка и обуки за МСП, кои се столбот на локалната економија.
 ​За Реформа на администрацијата: Ветување за поедноставување на процедурите за добивање дозволи за градба и отворање на нови бизниси, со цел да се скрати времето и да се намали бирократијата.
​ За Занаетчиство и земјоделство: Воведување субвенции за семејства и поединци кои сакаат да развиваат традиционално занаетчиство и локално земјоделство.
​За Поддршка за младите: Посебен акцент на млади претприемачи, стартапи и ИТ компании, преку обезбедување на старт-ап пакети и поволни услови за работа, со цел задржување на младите во Прилеп.

​Ѓорѓија Игески порача дека добрата економија започнува со добра локална самоуправа која ги разбира потребите на пазарот и е подготвена да работи транспарентно и одговорно.

Целото интервју на Радио Пела погледенте го на ЛИНК

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...