И, по петти пат промена на составот на Советот на општина Прилеп – дебата за развојните програми на градот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На местото на советникот Александар Алексоски, кој ја презеде функцијата директор на Тутунскиот комбинат-Прилеп, од совеничкиот состав на ВМРО ДПМНЕ и беше само две/три седници советник,  од денеска нов советник е Снежана Парапанска од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Одлуката е донесена на денешната Седница на Советот на Оптшина Прилеп. Инаку, во четиригодишниот мандат, составот на овој Совет се проемнува по петти пати, од првоизбраниот во 2021 година. Поради парламентарните избори и добивање на пратеничка функција на претходни советници, Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска , местото на Кузманоска како советник, беше заменето со Мирјана Конеска, а местото на Проданоски го зазеде , Влатко Петкоски од ВМРО ДПМНЕ. Промениете на составот настана  и минатата година. Советникот на Левица, Методија Костоски кон крајот на минатат година си даде неотповиклива оставка од Советот на Општина Прилеп, а на негово место дојде Катерина Пузеса, а во советничкиот состав на СДСМ, како нов советник пристигна, Мирјана Крстеска. И, сега составот повторно добива нов член,по петти пат.

По верификација на мандат на новиот член на Советот на Општина Прилеп, совениците ја започнаа својата работа.

Се водеше подолга дебата за предлог-планот на развојни програми на Општина Прилеп за 2025-2027 година , каде советниците од опозцијата сметаа дека предложената програма не е развојна и дека не соодејствува на потребите на грѓаните. Раководителот на Секторот за урабанизам,  објаснуваше дека равојната програма нуди изградбара на кружни текови, сообрајќаници, паркинзи итн, објаснуваше зошто некои од проектите ќе претрпат измени,  како ќе се трасираат дел од сообрајќаниците…, но, дискусијата продолжи по оваа точка, на која се вклучи и грдоначалникот на Прилеп, кој одново ја потенцира финансиската тешкотија со која локалната самоуправа се соочи на стартот, затекнатите долгови од 294 милиони и преземени обврски за враќање, ги наброи реализираните проект посочувајќи ги и проектите кои треба да се реализираат. Но, опозицијата незадоволна од одговорите, тврдеше дека Прилеп со програмите на ВМРО ДПМНЕ како локална самоуправа – стагнира. Стана збор и за тоа кога ќе биде пуштена во употреба детската градина во нас. Точила, на која Претседателката на Советот повика на трпеливост.

По неколку паузи и долга дискусија по оваа точка, советниците преминаа и на предлог- одлуката за квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за трет квартал од 2024 година, која исто така наиде на дискусија кај советниците за начинот на користење и распределба на  средства од Буџетот, а раководителот на финасии при локалната самоуправа со бројки го обрзложи начинот и потребите за извршување на Буџетот во дадениот период.

Советниците од опозицијата не останаа рамнодушни и по точката за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година. Критикуваа дека водат има повисока цена и побараа одговор од раковдителот на ова јавно претпријатие за квлитетот на водата.Тој пред советниците укажа на потребата од користење на водата од бунарите и потенцира дека издашноста на изворот “Студенчица“ е значително намален и не може да ги задоволи капацитетите на градот.

Советниците ја продолжија дискусијата за работењето на ЈП за ПУП -Прилеп  каде се најде  тримесечниот извештај за финансиското работење на ова претпријатие, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година,  како и предложената одлука за потребаата за корекција на број на возења со електронски возни картички во јавниот градски превоз.  Овие точки беа критикувана од опозицијата, која сметааше дека одлуките се неосновани и се на штета на граѓаните.

По шестчасовна работа советниците дадоа согласност и на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, го усвоија програмата за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2025 година, предлог-одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година,  Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година, програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2025 година, програма за работа и одржување на градските гробишта и капела, за 2025 година, како и програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2025 година. Го прифатија и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година, дадоа согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане’’-Прилеп,  и за програмите а за изведување на научно наставни-екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Климент Охридски’’ -Прилеп и на ООУ ,,Добре Јованоски’’-Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...