(фото + видео) Во спомен на Сара Јорданова – Хуманитарен мост на уметноста: Ресен — Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Низ фотографии, текст и видео материјал со зборовите на

Зоран Јорданов, татко на Сара, Ви пренесуваме дел од атмосферата од Ликовната работилница и изложба ТРАГА ВО БЕСКОНЕЧНОСТА: Боите што не гаснат

Организатор: Дом на култура „Драги Тозија“ од Ресен, во чест на Сара Јорданова, една од загинатите во пожарот во Кочани

​Хуманитарен мост на уметноста: Ресен — Кочани ​

Постојат траги кои ниту еден оган не може да ги избрише. Постојат соништа кои продолжуваат да живеат низ рацете на другите. Сара Јорданова беше уметност сама по себе. Но, нејзината приказна допрва ќе ја испише најубавата страница – страницата на хуманоста.

Денес, нејзиниот сон продолжува низ нашите раце; ја преземаме нејзината четка за да доцртаме надеж таму каде што е најпотребна.

​Започнуваме од Ресен. Ликовните уметници од овој град, со срце големо како планина, се обединуваат во заедничка ликовна работилница. Таму, со секој потег на платното, тие ќе ја создаваат „Трагата во бесконечноста“. Секој цртеж создаден со љубов, ќе биде подадена рака за оние на кои им е најпотребна. ​

Кулминацијата се случува во Кочани. На едно место, за првпат, ќе бидат изложени оригиналните дела на нашата Сара – нејзиниот зачуван свет кој пркоси на заборавот.

Покрај нив, ќе бидат изложени и делата на уметниците од Ресен. Ве повикуваме да не бидете само набљудувачи. Овој настан е ваша шанса да станете дел од легатите на Сара. Секој цртеж ќе може да се купи по симболична цена, а секој денар ќе биде дониран за децата без родители.

​Вашето присуство е почит. Вашето купување е надеж. ​Да ја претвориме болката во светлина. Да ја направиме нејзината трага навистина бесконечна.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На денешен ден – 4 февруари (Гоце Делчев, 154 години од неговото раѓање), вечна слава на херојот!

1872 година во Кукуш е роден Гоце Делчев, еден од најголемите македонски национални херои, апостол и срцето на револуционерна Македонија. Тој беше идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Делчев својот живот го посвети на борбата за слободна, самостојна и обединета Македонија. Неговата визија

МВР отвори истрага по објавувањето на ПорталX за командирот Миленковски

Министерството за внатрешни работи соопшти дека започнало истрага во врска со користењето на службеното возило од страна на командирот на ПС Кочани, Горан Миленковски – Спенсер. Случајот стана јавен по објавувањето на ПорталX, според кое на 12 декември Миленковски бил фотографиран додека го користел службеното возило за да присуствува на приватна забава и го паркирал

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Почна исплатата на средства од „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. До денес реализирани се 184,5 милиони денари