Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Долгометражниот игран филм „Ес­ко­рт“ на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, утревечер (четврток) од 19.00 часот ќе биде прикажан во Кино Мис Стон во Прилеп.

Светската премиера на „Ескорт“ се случи минатата година на седумдесетотот издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска. На фестивалот, филмот ја доби наградата „златна арена“ за најдобра споредна машка улога на актерот Крешимир Микиќ и за сценографијата на Иван Вељача, а режисерот Лукас Нола го доби специјалното признание од оценувачкиот суд на „Кинометража“.

– Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна – изјави Лукас Нола во режисерската експликација за филмот.

Македонската премиера пак, се случи во рамките на минатогодишното  издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.

Влезници за кинопроекцијата во Кино Мис Стон можат да се купат на билетарницата од киното во 
среда и четврток од 10 до 12.00 ч. или еден час пред проекцијата на филмот. Филмот е за лица над 18 години.

 

Известува:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Презентација на Оперативниот план за активни мерки за вработување во Прилеп

Утре, четврток, 5 јуни 2025 година во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, активни мерки од Агенцијата за поддршка на претприемништвото, како и тековни мерки и јавни повици...

„Поезија во движење“ изложба на прилепчанецот Тони – Геџо кој живее во Австралија

„Поезија во движење“ од Тони Трипуноски – Геџо е изложбата што ќе биде отворена на 6 јуни 2025/ петок/ од 18 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за изложба на фотографии од наш сограѓанин, кој што живее и работи во Австралија. Промотор на изложбата ќе биде...

Изложба на фотографии „75 за 75“ во чест на опстојот на прилепскиот театар

Ден пред почетокот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ , четврток 5 јуни, во 19:30 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп  ќе биде отворена изложбата на фотографии „75 за 75“. Автор на проектот е м-р Каролина Мицевска. Ќе бидат изложени 75 фотографии на канвас со...