Државата доделува финансиски средства за набавка на комбајни за жнеење на ориз

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 14 ноември.

„Право на користење на средства имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз“, наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.

 

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот. „Последното затворање на вратата Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив

„Супорт Кочани“ : Досега собравме и поделивме близу 11 милиони денари

„Супорт Кочани“ денеска објави видео информација за своја втора распределба од заедничката сметка за донации. Од вкупната сума од близу 11 милиони денари, 1 094 493,оо  се отидени за данок на држвата (ПДП) . Останатите средства во еднаков износ и рамноправно се поделени на 137 лица. Секое од нив доби 71  900 денари. Почитувани, транспарентно

Кочанскиот тим со апликацијата „EduPari“ победник на „Startup Weekend Skopje 2025“

  На почетокот на ноември во Скопје се одржа најголемиот претприемачки настан во земјава – „Startup Weekend Skopje 2025“, кој оваа година ги обедини повеќе од 45 учесници и осум тимови составени од млади иноватори, програмери и претприемачи со заедничка цел – создавање современи fintech решенија. Меѓу најистакнатите учесници беше тимот од Кочани, составен од