Достоинствена прослава-45 години НУЦК „Марко Цепенков“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како што пред 45 години, со ликовна изложба започнала работата на тогашниот Дом на културата „Марко Цепенков“, така и синоќа со ликовна изложба на колонијата „Дрен“ и концерт на триото ФИА беше одбележан 45 годишниот јубилеј на оваа културна институција во Прилеп.

 Пригодната свеченост ја отвори советничката за односи со јавност м-р Каролина Мицевска, потоа со пригоден говор се обрати директорката Марија Попова Јованоска, а осврт кон изложбата даде историчарката на уметност Викторија Димеска.

По обраќањата следеше концертот со хитови класичната и евергрин музиката во изведба на Трио ФИА. Бројната публика, меѓу која и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, заменик министерот за економија Марјан Ристески, претставници на Општината, вработените во Центарот, поранешни директори на оваа културна институција, актери, ликовни уметници, писатели, новинари, уживаше во делата на ликовните уметници, музиката и пригодниот коктел низ пријатни разговори, со здравици во чест ја јубилејот.

Да потсетиме, својата дејност како Дом на културата, денес Центар за култура, ја започнува на 14 ноември 1979 г. со отворање на изложба од прилепски автори и со специјално подготвената театарска претстава „Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.

По повод одбележувањето на овој значаен јубилеј цел ноември беше полн со културни настани чија низа продолжува и во периодот што следи. Веќе вечерва е закажан концертот на Октет Прилеп, а утре следи проекција на филмот „Дури и глувците одат во рајот“

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: