Депонијата чади – Блокада за комуналните возила кај „Белската“ кривина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Според најавите, патниот правец кон Градската депонија кај Бели од утринава е блокиран. За ова причина е чадот што „извира“ од ѓубриштето, појава што трае непрекинато подолг период. Насобраните граѓани кај „Белската“ кривина не ги пропуштаат возилата на КЈП „Водовод“. Останатите поминуваат.

Граѓаните бараат уредување и порамнување на депонијата, третирање на сметот со алги, видео надзор, стражарска служба, стопирање на донесувањето отпад од Виница и соседните општини. Исто така, се бара отстранување на лицата што се дивонаселени на ѓубриштето и повремено се предизвикувачи на пожари, пребаруваќи по предмети и метал што можат да ги продадат.
Блокадата на патниот правец кон депонијата кај селото Бели ќе биде 24 – часовна се до исполнување на барањата.
Од викендов тешка механизација работи на санирање на состојбата и затрупување на ѓубрето, но таму сеуште чади. „Водовод“ поставил стража со дежурства и преку ноќ.
На блокадата утринава дојде и директорката на Комуналното претпријатие, Кристина Финдачка, и ги извести граѓаните за активностите што во моментов се преземаат.
Блокадата продолжува се до исполнување на поставените барања.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница следната година се отвора туристичко- угостителска струка

Општина Виница информира дека како резултат на потребите и барањата од локалниот бизнис сектор, желбите на учениците и заложбите на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, како и на локалната самоуправа и МОН – од учебната 2026/2027 година во тоа средно училиште ќе се отвори сектор „угостителство и туризам“ со образовен профил „угостителски техничар“. Главни иницијатори

Кочани го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Со низа активности, Општина Кочани во соработка со невладините организации „Авена“, „Анка“ и „Светла иднина“ ќе го одбележи 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Одбележувањето започнува денеска, 7 април (вторник),  на спортското игралиште во ОУ „Раде Кратовче“, каде што ЗГ „Авена“ организира турнир во мал фудбал со учество на екипи составени од Роми и Македонци.

Во нејзиниот втор дом – Промовирани две книги на Дедова

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавањето“, посветена на нејзиниот починат брат, Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“. Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емуции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски