ЦУК: По излевањето на реката Црна кај Бучин, водата се повлекува, состојбата се нормализира

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Состојбата со зголемените водотеци во Пелагонија и локалните проблеми кои настанаа со излевање на реките, постепено се нормализира, известува Центарот за управување со кризи.  Во Прилепско не се пријавени проблеми со излевање на водотеци:

Во Општина Крушево беше регистрирано зголемување на водостојот и локално излевање на реката Црна кај село Бучин, но реката е повлечена и моментално не постои ризик од ново излевање. Во Општина Демир Хисар, водата кај село Граиште е повлечена, патниот правец Бараково – Вардино е прооден, додека поради оштетен мост на Боишка река патот кон село Мренога е затворен за сообраќај. Во Општина Прилеп нема пријавени штети и не се евидентирани поплавувања, додека во Општина Кривогаштани имаше локално излевање на Крушевска река со поплавени неколку ниви, но без материјална штета. Во Општина Долнени е пријавена штета од еден жител во село Лажани со поплавен двор и приземни простории, како и оштетување на тутунот, а поплавувања се евидентирани и во село Пешталево, при што е интервенирано со градежна механизација. Според информациите од РЦУК – Битола, состојбата во градското подрачје на Општина Битола е нормализирана и нема тековни проблеми, освен во населбата Стрчин каде се евидентирани наноси од чакал и земја и каде една градежна машина на КЈП „Нискоградба“ интервенира на расчистување на улиците. Во село Кравари се заезерени земјоделски површини од околу 10 до 20 хектари, без опасност по станбени и индустриски објекти, при што проблемот е предизвикан од затрупување на одводните канали. Во селата Жабени и Породин се поплавени земјоделски површини од околу 70 до 80 хектари, а Елешка река има излевање со поплавени околу 100 хектари земјоделско земјиште, при што ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација. Во Општина Ресен, како последица од обилните врнежи, поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка, а поради излевање на Голема река кај повеќе мостови беше извршено пренасочување на сообраќајот. Водостојот на Голема река е во намалување и состојбата е нормализирана.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: