Цената на оризовата арпа ќе биде корегирана, им најавиле надлежни од Министерството за земјоделство на производителите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Производителите на ориз од Кочани и Кочанско добиле најава дека новата цена на оризовата арпа до крајот на неделата ќе биде корегирана. Според нив, ова е резултат на остварената средба со надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оризопроизводителите бараат цена од 27 денари за килограм арпа.

Пред 7-8 дена тие се заканија со протести и блокади на патиштата, бидејќи сегашната  производна цена на арпата од 23 денари за килограм е премногу ниска. Во моментов, откупувачите плаќаат 18 до 20 денари за килограм,  поради што проценките велат дека едвај 5% од минатогодишното производство е откупен.

-Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025. Дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација. Ние баравме откупна цена од околу 40 ден. за килограм арпа, бидејќи и ние земјоделците работиме со некаква добивка, вели Тони Максимов од Национална мрежа на земјоделци.

Кочанските оризопроизводители сметаат дека без редовен и организиран откуп, оризот и понатаму ќе остане непродаден.

-Со редовен откуп да започнат откупувачите, бидејќи и да имаме цена, доколку откупувачите не ни го земаат родот, оризот повторно ќе ни стои во амбарите. Како што реков, само 5% од производството е откупено, и тоа по основ на тоа што откупувачите им имат дадено репроматрејали на производителите.  Значи само  си го наплаќаат тоа што го дале, а откуп не се врши, рече  Максимов.

Според проценките, минатата 2025 година во Кочани и регионот се произведени помеѓу  20 и 24 илјади тони оризова арпа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Концертот „Во очи на Св. Атанасиј“ на ФА „Осоговски извор“ повторно ги собра сите на едно место…

ФА „Осоговски извор“ – Оризари  вечерва во Домот на културата во Оризари  го одржа третиот концерт со наслов „Во очи на Св. Атанасиј“. Поводот за организацијата претставуваше празникот „Св. Атанасиј“, кој се одбележува , денеска, 31 јануари. Фолклористите се претставија со стари музички изведби и обичаи од Осоговијата, а преполната сала беше најголемата потврда за

Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“. Со одлуката, градоначалникот е овластен

Промовиран Карате клубот во основање Зрновци (ФОТО)

Денес во Зрновци беше промовиран Карате клубот во основање Зрновци. Професор д-р Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија со видео проекција објасни кои се придобивките од вежбањето карате до вештината и на спортско карате. Саздовски се осврна и на историјата на каратето во салата на ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци. Потоа